Филипинската влада објави денеска дека ќе поднесе кривични пријави против шест официјални претставници на француската фармацевтска фирма „Санофи Пастер“ во врска со смртта на деца кои примиле вакцина против денга грозница.
Од Обвинителството нагласуваат дека компанијата „не успеала активно да го следи и спроведува надзорот врз оние кои примиле вакцина против денга грозница”. За тој вид криминал во законите на Филипини е предвидена затворска казна до шест години.
Околу 830.000 ученици се вакцинирани од 2016 година во првата програма за масовно имунизирање против таа болест. Владата соопшти дека 32.000 други лица примиле вакцина во приватни болници.
Фармацевтската компанија тврди дека нема докази дека првата вакцина против денга е поврзана со смртните случаи на Филипини додека властите тврдеа дека смртта на три деца можеби е „причински поврзана“ со вакцината и бараа отштета од Санофи.