САД објавија награда до еден милион долари за информација што може да помогне да се пронајде Хамза бин Ладен, еден од синовите на Осама бин Ладен.

Хамза бин Ладен, омилениот син на Осама, се смета за шеф на терористичка мрежа. Тој е на американскиот „црн список“ на луѓе обвинети за тероризам.

Стејт департментот ветува награда што може да достигне до еден милион долари за Хамза бин Ладен во која било држава. Од август 2015 година тој објавува на интернет аудио снимки и видео-пораки со повици за напади врз САД и нивни западни сојузници. Тој се закани дека ќе ја одмазди смртта на својот татко убиен во мај 2011 година.