Повеќе од 500 припадници на венецуелската армија ја напуштиле војската и пребегале во Колумбија откако на 23 фгевруари не успеа во државата да влезе хуманитарна помош побарана од опозицијата. Тоа го соопшти синоќа колумбиската миграциска служба.

Најголем дел од тие 567 војници и полицајци „кои се обратиле за помош во колумбиската миграциска служба“ влегле преку колумбискиот округ Северен Сантандер и Араука, на границата со Венецуела.

Миграциската служба не наведува со кои чинови биле војниците. На нив им биле дадени само привремени прпусници за престој во државата.

Венецуела има околу 365.000 војници и полицајци и 1,6 милиони припадници на цивилната полиција.