Министерот за правда Игор Филков заедно со премиерот Христијан Мицкоски и дел од министрите учествуваше на првата од серијата средби со граѓанскиот сектор „Дијалог меѓу Владата и граѓанскиот сектор” на тема:Владеење на право, добро владеење и борба против корупцијата во организација на Меѓународниот Републикански Институт.
Борбата против криминалот и корупцијата мора да биде одлучна а целта на Владата е преку дијалог и комуникација со граѓанските организации да се овозможи подобро функционирање на институциите и добро владеење.
Министерот за правда Игор Филков истакна дека граѓанските организации,неформалните мрежи и активистите се вклучени во активностите на Министерството за правда.
-Вратата на граѓанските организации е отворена, а тоа се докажува со тоа што во секоја работна група на измените на законите, подзаконските акти, изготвувањето на стратегии, прирачници, овие организации се дел од нив и активно се вклучени заедно со вработените од Министерството за правда со кои имаат успешна соработка. Секогаш, без исклучок се вклучени и во сите дебати и јавни расправи што ги иницира Министерството за правда а нивните препораки, ги следиме и ги земаме предвид со исклучително внимание, рече министерот за правда Игор Филков.
Министерот Филков порача дека сферата на владеење на правото и борбата против корупцијата се клучни приоритети за сите нас а тоа може да се постигне само со заеднички заложби на институциите и граѓанското општество.
Министерство за правда