Водителката Лила Стојановска затаила речиси два милиона денари, утврди Финансиската полиција.

Пријавата е од фирмата Изградба инжинеринг ДАН – МАК според која во периодот јуни -јули 2017та на личната банкарска сметка на Стојановска во три наврати и уплатила нешто над 16 милиони денари по основ на склучен Договор за изготвување на „Проект за Интернационална асоцијација за заштита на човековите права“.

– Расположивите парични средства како остварен приход Стојановска ги подигнала во целост и во готово за себе лично, при што без да ги пријави во Годишната даночна пријава за 2017 година до Управата за јавни приходи, не пресметала и не уплатила Персонален данок на доход во висина од 1.788.398 денари, за кој го оштетила Буџетот, наведуваат од финансиска полиција.

Како што објави ТВ Канал 5, косопственичката на ДАН – МАК, Ена Норнилд, неодамна преку медиумите тврдеше дека токму водителката претставувајќи се како блиска пријателка на Боки 13 ја измамила фирмата била измамена за 250 илјади евра како дел од шемата на Јовановски за наводно учество во ЕУ проекти за изградба на старечки домови. Водителката ги демантираше овие тврдења а неколку дена претходно се појави како сведок во случајот Рекет тврдејќи дека пари од своја сметка кои никој не и ги уплатил ги дала како донација на 1 ТВ на Јовановски.

Денеска судењето за случајот се одложи. Боки 13 поради лоша здравствена состојба не беше спроведен од Шутка.

Судијката Васка Николовска Масевска даде наредба за конзилијарно мислење од лекарски тим од Клиничкиот центар за здравствената состојба на Боки 13. Според неа треба да се утврди дали тој може да доаѓа на веќе закажаните рочишта.