Финансиската полиција до јавното обвинителство поднесе кривична пријава за режисерот Милчо Манчевски и неговата фирма „Банана филм“, а за неговото и финансиското работење на неговата фирма за потрошени 950.000 евра државни пари за кои Манчевски не доставил извештај во Агенцијата за филм. Од ОЈО за  порталот НОВА ТВ, кој ја лиферуваше веста, велат дека „пријавата е примена и се постапува за да се испитаат наводите“.

Пријавата од финансиската полиција се однесува и на уште еден предмет со финансиски импликации по државниот буџет и се однесува на одделни финансиски трансакции преку овдешната фирма на Манчевски, преку „Банана филм“ и неговата компанија регистрирана во Њујорк, САД.

За финансиските „активности“ на Манчевски и неговата „Банана филм“, своевремено, од страна на Агенцијата за филм, беа известени сите надлежни инстанци како и Државната комисија за спречување на корупција.

Финансиската полиција, по наредба на ОЈО и во координација со обвинителството, скоро две години водеше истрага за сомнителни трансакции на 950.000 евра на „Банана филм, по пријавата од Министерството за култура. Истрагата покажала сериозни индиции за проневерени буџетски средства и случајот го препрати до Јавното обвинителството.