Во судница спротивставени, во бизнисот партнери со син му. Фирмата „Бест Веј“ на Јордан Камчев и бизнисменот Алек Теранова, сведок на обвинителството за „Плацеви на Водно“, гарантираат со 32 илајди метри квадратни вредни 4,7 милиони евра дека Сашо Мијалков нема да избега, објавува ТВ Телма.
Ова е втор највреден имот веднаш зад бензиските пумпи на син му на Мијалков наведени во гаранцијата до судот во висината од вкупно 11 милиони евра која по два дена откако му беше укнат, па вратен притворот Апелацискиот суд ја објави, се вели во прилогот на телевизијата на Андреа Јосифовски.
Скриени се имињата и адресите, но лесно може да се заклучи дека гаранции во вредниот имот освен фирмите на син му и Алек Теранова и самиот Мијалков заложил стан во сопственот на лично неговата фирма за послужување пијалоци „Спин груп“. Одлуката за слобода на апелација од пред два дена открива дека за притворот на Мијалков и неговите жалби и во мај и пред два дена одлучувала иста „тројка“ судии. Тања Милева, Енвер Беџети и Ѓоко Ристов завчера не се сомневале во бегство на Мијалков и навеле.
По оценка на овој совет, основани се жалбените наводи на обвинетиот дека првостепениот суд при донесување на обжаленото решение погрешно утврдил дека понудената гаранција не преставува вредносно обезбедување на присуството на обвинетиот во текот на постапката, се вели во решението на апелациониот суд.
Истите судии во јуни годинава му го одбија истиот имот како гаранција, со образложување дека сепак Мијалков може да избега.