Во 2021 година активното население во земјава изнесувало 943 004 лица, од кои вработени се 795 087, а 147 917 лица се невработени, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Од податоците може да се види дека стапката на активност во овој период е 56.0, стапката на вработеност 47.2, додека стапката на невработеност изнесува 15.7.
Според Државниот завод за статистика, стапката на невработеност во 2020 изнесувала 16.4.
Интересни се овие бројки ако се споредат со бројот на фирмо кои биле затворени поради кризата од светската пандемија. Испаѓа дека во период кога на економијата не и оди најдобро, добро паѓа процентот на невработени од активното население, односно „добро и оди“ на невработеноста.