Британскиот боксер Тајсон Фјури не изневери на својот стил и направи нова култна реплика во светскиот бокс. „Циганскиот крал“ го прокоментира долгоочекуваниот реванш против Дионтеј Вајлдер, кој беше официјално потврден порано денес.
Двајцата боксери одржаа еден од најспектакуларните натпревари во тешка категорија на 1 декември минатата година, кога фановите низ целиот свет беа сведоци на неколку пресврти во натпреварот, уште неколку нокдауни, а на крајот оценките на судиите покажаа реми меѓу двајцата.
Многумина аналитичари го опишаа резултатот како контроверзен и неправичен резултат за Британецот, кој ја заслужуваат победата на американска почва.
Фјури во свој стил изјави дека ќе биде далеку поподготвен за реваншот отколку што беше во првиот натпревар.
– Овој пат нема да боксувам по пауза од 3 години. Овој пат нема да претерам и со алкохолот. И овој пат ќе го нокаутирам, изјави тој.