Агентот на Матијас де Лихт – Мино Рајола, откри дека капитенот на Ајакс преговарал за своите лични услови со италијанскиот хегемон Јувентус.

Сега, двата клуба останува да ја договорат цената на 19-годишниот дефанзивец пред еден од големите летни трансфери официјално да стане реалност.

Според светските медиуми, Де Лихт ќе потпише „бјанконерите“ за петгодишна плата од 12 милиони евра плус бонуси. Договорот ќе има и клаузула за откуп од 150 милиони евра.

Јуве веќе ја направи првата понуда за дефанзивецот во вредност од околу 50 милиони евра, откако Холанѓаните ветија дека ќе го продадат за таа сума пред една година.

Од „Амстердам Арена“, сега сакаат понуда од 75 милиони евра поради одличната сезона на Де Лихт.

– Да, се разбра тој со Јувентус. Сега на потег е Ајакс, изјави Рајола за „Де Телеграф“.

Тој категорично ја негираше веста дека дефанзивецот бил подготвен да го бојкотира својот клуб во стилот на Антоан Гризман за да го исфорсира трансферот.

– Тоа е исклучено, тоа не е во негов стил, рече агентот.

Во Јуве се надеваат дека Де Лихт ќе ги помине задолжителните медицински прегледи во среда, по што ќе биде официјално претставен пред медиумите.