Тренерот на Баерн, Ханс Дитер Флик е задоволен од победата над Баер Леверкузен со 2:1 во 13. коло од германскиот шампионат, но ги предупреди своите фудбалери дека ривалите се фокусирани на искористување на грешките.
– Навистина сакавме да победиме. Желбата на моите играчи беше забележлива. Губевме од Баер за време на натпреварот само поради нашето невнимание. Сега сите не казнуваат за грешките, но Баерн има доволно квалитет да победи повторно и повторно. Ова го тера тимот да верува во себе до последната секунда. Оваа година ја завршивме одлично, – ги цитира прес-службата на Баерн зборовите на Флик.
Баварците до триумфот на гостувањето во Леверкузен вчеравечер стигнаа со гол постигнат во судиското надополнување.
Баерн е предводник на табелата во Бундеслигата со 30 бода, Баер Леверкузен е втор со 28 бода.