Тиери Куртоа, татко на голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, е револтиран од отсуството на неговиот син од списокот номинирани за најдобар спортист во Белгија.

– Не разбирам како мојот син не беше номиниран за титулата најдобар спортист на годината. Мислам дека во Белгија не покажуваат доволно почит кон нашите големи спортисти. Ние повеќе сакаме да обрнуваме внимание на нечиј пораз. Некој дури ги чека, криејќи се зад аголот, но морам да кажам дека тоа не се случува често.

Тибо секогаш ќе биде извор на нашата гордост. Можам да кажам дека секогаш сме воодушевени од она што тој го прави. Тој постојано покажува што не очекувате од него. На пример, сетете се на неговата одбрана на неодамнешниот натпревар против Атлетик, рече Тиери Куртоа во интервју за „Л’Авенир“.

Голманот на Реал Мадрид го освои „Трофејот Замора“ што му се доделува на чуварот на мрежата кој примил најмалку голови во текот на сезоната. Белгиецот минатата сезона, прими 20 гола на 34 натпревари во Ла Лига.

Во сезоната 2019/20, Куртоа го освои шпанскиот шампионат и Суперкупот на земјата со Реал Мадрид.