Мајкл ФЛИН, пензиониран генерал, советник на Доналд Трамп за национална безбедност, во The Western journal:

Еднаш ми беше кажано дека ако не сме внимателни, 2 отсто болно амбициозни луѓе ќе ги контролираат останатите 98 отсто рамнодушни луѓе, 100 проценти од времето.

Колку повеќе размислував за оваа фраза, толку повеќе верувам во тоа. Сега има мала група „страствени“ луѓе кои напорно работат на уништување на нашиот американски начин на живот. Предавството е распространето, а нашето владеење на правото и оние професионалци кои се задолжени за спроведување на законот, кои ги поддржуваат нашите закони, се под оружје повеќе отколку било кога во историјата на нашата нација. Но, овие страствено ангажирани два проценти се чини дека победуваат.

И покрај тоа што има безброј добри луѓе кои се обидуваат да се справат со се друго што им носи животот, се чини дека во врска со ова, тоа тивко и рамнодушно мнозинство повеќе не смее да молчи.

Ако САД сакаат да го преживеат овој напад, ако сакаме да продолжиме да уживаме во тешко извојувани слободи и права, треба да разбереме дека има две спротивставени сили: Едната од нив е „децата на светлината“ а другата е „децата на темнината“.

Како што неодамна напишав, уметноста во тоа самите да управуваме со себе, подразбира активно учество на секој Американец. Не се шегував! И гласањето е само дел од активното учество. Од време на време, тивкото мнозинство беше презаситено од „дрскоста и решеноста“ на малите, добро организирани, страстно амбизициозни групи. Сега е време, тивкото мнозинство да биде тоа кое ќе биде дрско и решително…

Како што ми рече една полицајка од Вирџинија: „Луѓето не се чувствуваат безбедно во своите домови и нашите полициски сили се толку деморализирани што не можеме да функционираме како што треба. Во моите 23 години со моето одделение, никогаш не сум видел морал толку низок“.

Друга жена од Мисисипи ми рече дека ни требаат водачи кои ќе земат в раката „силен чекан. Луѓето губат трпеливост. Едноставно мора да се запре! Законите МОРА да бидат спроведени … никој не е над законот“.

Не се секирај. Преку паметни, позитивни активности на одлучните граѓани-патриоти, можеме да преовладаме. Секогаш имајте на ум дека нашиот непријател (овие темни сили) секогаш има потешкотии од кои ние сме неуки.

За повеќето Американци, овие сили се чини дека се моќни. Чувствувам дека се очајни. Исто така, чувствувам дека потребен е само мал притисок од наша страна за да се победат овие сили. Како треба да дојде тој притисок?

Молитвите помагаат и молитвите се важни, но исто така, делотворен лек е дејството. Нашите професионалци за спроведување на законот, од диспечер до детектив и од полицаец до комесар, се линија на одбрана против корумпираните и криминалците. Така е начинот на кој засега останува во состојба на релативно мирно коегзистирање.

Но ние мора да ги поддржиме професионалците со сето наше битие. Тие не ни се непријатели; тие носат светлина до темнината на ноќта преку нивната храброст и решеност да ги извршуваат своите работи без фанфари и со огромна жртва.

Молчевото и рамнодушно мнозинство има тенденција да оди по патот на тие што го водат… Но ние не смееме да станеме изгубени во оваа битка. Ние мора ревносно да го следиме нашиот здрав разум даден од Бога.

Барајте ја вистината, борете се за се тоа што е поставено пред вас. Не верувајте во лажните вести или лажните пророци; верувајте во вашите инстинкти и во здравиот разум. Оние со совест ја знаат разликата помеѓу правилното и погрешното, а оние со храброст секогаш попрво ќе го изберат тоа што е правилно, но потешко се извојува, отколку тоа што е полесно, но погрешно.

Верувам дека нападите на кои сме изложени денес (зборува за демонстрациите низ САД, н.з.) се дел од добро организиран и добро финансиран напор што го користи расизмот како меч за да ги влоши нашите расположливи борбени капацитети. Ова оружје се користи за да се легитимира насилството и криминалот, а не да се бара вистината и да и служи на вистината.

Оружјето на темните сили формирано против нас служи за една цел: промовирање на радикални социјални промени преку моќ и контрола. Социјализмот и создавање на социјалистичко општество се нивните крајни цели.

Тие исто така имаат намера да го избркаат Бог од нашите семејства, нашите училишта и нашите судови. Тие дури бараат отстранување на Бога од нашите цркви, со надеж дека ќе го отстранат Бог од нашите секојдневни животи.
Запомнете, ние ќе останеме обединети само како „една нација под Бога“.

И да, постои „движење на отпорот“ од силите на темнината. Сепак, ние мора да се спротивставиме на овие напади и наместо тоа, да имаме оптимистички поглед на нашата ситуација. Како во војна, оптимизмот би требало да биде широко распространет за да може секое растечко чувство на страв да биде покорено.

Сепак, мора да бидеме разумни околу нашиот оптимизам. Во спротивно, може да се изгубиме во обесхрабрување и очај од какви било неуспеси со кои се соочуваме. Ние мора да бидеме истрајни за крајната цел што сакаме да ја добиеме. Таа цел е да ја задржиме уставната република заснована врз збир на јудео-христијански вредности и принципи. Не смееме да се плашиме од овие и наместо тоа да го прифатиме секој…

Нашата волја, нашите индивидуални слободи и слободи, остануваат моќни сили и мора да бидат применети паметно. Не смееме да бидеме премногу тврдоглави. Следејќи го Уставот како наш водич и прилагодувајќи се кон промените како што се случувало секогаш низ целата историја, учиме повеќе за она што сакаат луѓето.

Меѓутоа, на моменти, мора да се вратиме на она што нè доведе овде. Не можеме да си дозволиме да ги изгубиме нашите човечки права дадени од Бога и силната внатрешна желба за слобода да избереме и да го дишеме свежиот воздух на слободата. Ние мора да зстанеме и да зборуваме за да ги предизвикаме таканаречените „лидери“ на владата. Ние им даваме власт, ние можеме и да им ја одземе.
Преку нашите права и привилегии, како американски граѓани, ние ја предизвикуваме политичката класа и ја користиме изборната постапка за да можеме „ние народот“ да одлучиме кој ќе управува.

Не смееме да дозволиме мал процент од моќните да ја преземат нашата позиција на бојното поле на Америка. Ние како индивидуи со слободно размислување и постапување мора да контролираме како ќе живееме и да не дозволиме неколкумина болно амбициозни други лица да го променат нашиот начин на живот.

Затоа се обраќам до молчеливото и моментално рамнодушно мнозинство: Разбудете се!. Америка е изложена на ризик да биде изгубена во правот на историјата од социјализмот. Во прашање е самото срце и душа на Америка.

Во војна, како и во животот, повеќето неуспеси доаѓаат од неактивност. Се соочуваме со клучен момент што може да го промени текот на историјата на нашата нација.

Ние народот мора да го предизвикаме секој политичар на секое ниво.

Ние, исто така, мора да застанеме и да ги поддржуваме нашите професионалци за спроведување на законот: Тие се крајниот штит што нè брани од анархијата.

Сега е време да се дејствува.