Македонскиот неделник Фокус објавува истражување според кое лица блиски на вицепремиерот Артан Груби купиле хотел на атрактивна локација на Попова Шапка по цена која одговара на викендичка на Попова Шапка или еднособен стан во Скопје.
Иако цените на викендици со две или три соби на Попова Шапка се движат меѓу 50 и 100 евра во зависност од квадратурата, локацијата и староста цената на купопродажниот договор меѓу купувачот и сопствениците на хотелот Гранит изнесува неверојатни 55.000 евра.
Периодот на купопродажба на хотел Гранит во која се вклучени лица блиски на Артан Груби е во време кога владата тендерот за автопатот Скопје – Блаце го дала на компанијата Гранит која подоцна за багатела го продава својот хотел на Попова Шапка.
Според Фокус основач и можен скриен сопственик на фирмата Еуро КОМ Лајтинг, која била купувач на Хотелот Гранит, е претседател на ФК Шкупи и блиско лице на Груби, Суат Аљија.
Во исто време дел од управниот одбор на ФК Шкупи е и Омер Буњаку – советник на Груби.
Во случајот Хотел Гранит се повторуваат истите принципи од купопродажбата на атрактивна локација на улицата Македонија каде братот на Артан Груби купил деловен простор од 127 квадрати за 650 евра по квадрат а реалната цена во овој дел од Скопје се движи меѓу 3.000 и 5.000 евра.
Целата статија од истражувањето Фокус ќе ја објави во новиот број.
Видеото може да го отворите ТУКА.