Германскиот производител на автомобили Фолксваген најави дека ќе инвестира околу две милијарди евра за развој на возила на електричен погон во Кина, најголемиот автомобилски пазар во светот.
– Во Кина се продаваат 40 отсто од возилата на Фолксваген и е една од најголемите е-мобилности во светот, се наведува во соопштението на германскката компанија.
Според Фолксваген во Кина до 2025 година ќе бидат продадени 1,5 милиони возила кои ќе користат одржлива енергија.