Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска ќе биде во посета на Белград, каде ќе има средби со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерката Ана Брнабиќ.
Вучиќ и Фон дер Лајен ќе имаат разговор лице в лице во Палатата Србија, а потоа и состанок со членовите на двете делегации.
Вучиќ синоќа изјави дека во текот на денот ќе разговара со претседателката на Европската комисија за сите важни прашања за Србија.