Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го поздрави договорот на амбасадорите на ЕУ за воведување на 18. пакет санкции против Русија, оценувајќи дека тој „удира во срцето на руската воена машинерија“.
„Санкциите се насочени кон банкарскиот, енергетскиот и воено-индустрискиот сектор на Русија, вклучително и со ново, динамично ограничување на цената на руската нафта. Притисокот останува активен и ќе трае додека Путин не ја запре овој војна“, напиша Фон дер Лајен на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер).
Новите мерки, меѓу другото, предвидуваат исклучување на уште околу 20 руски банки од меѓународниот платен систем СВИФТ, ограничување на трговијата со нафта, како и целосна забрана за трансакции со Русија, вклучително и за преработена руска нафта во трети земји.
Пакетот ќе биде официјално усвоен на денешниот состанок на министрите на ЕУ во Брисел, при што се можни дополнителни измени пред неговото финално изгласување.
Фото: Архива