Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен ги повика САД и Иран веднаш да седнат на преговарачка маса, со што де факто би завршила блокадата на Ормутска Теснина и би запреле непријателствата на Блиски Исток.
Лајен, која е во посета на Австралија, каде потпиша нов договор за слободна трговија, посочи дела иранските напади врз невооружени комерцијални бродови и врз критичната инфраструктура „мора да бидат осудени“ и оти завршувањето на судирот е „клуч“ за стабилизација на глобалната економија.
– Иран мора веднаш да престане со заканите, поставување мини, напади со беспилотни летала и ракети, како и другите обиди за блокирање на мореузот за комерцијален превоз, наведе Лајен.
Таа нагласи дека е итно потребно дипломатско решение за да се стави крај на непријателствата во регионот.
– Сите ги чувствуваме последиците за цените на гасот и нафтата … но од најголема важност е да постигнеме решение што ќе се постигне преку преговори и со тоа да се стави крај на непријателствата што ги гледаме на Блиски Исток, истакна Лајен.
фото: Архива




