Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, во објава на својот твитер-профил, денеска изрази надеж дека сите партии во македонскиот парламент ќе ги поддржат уставните измени и патот на земјата кон Европската Унија.
Објавата на претседателката на ЕК доаѓа е во контекст на нејзината средба со премиерот Димитар Ковачевски одржана вчера во Атина, а на маргините на неформалната вечера што по повод 20-годишнината од Декларацијата од Солун од Самитот ЕУ – Западен Балкан која ја организираше грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.
– Добра размена на мислења со премиерот Димитар Ковачевски. Го поздравив поднесувањето на уставните амандмани од неговата влада во парламентот. Се надевам дека сите партии ќе ги поддржат, за придвижување на европскиот пат на С. Македонија. С. Македонија припаѓа во ЕУ, објави Фон дер Лајен на Твитер.