Државниот празник „11 октомври“ раѓа омраза кон Бугарите во Македонија и за Македонија нема Европска Унија додека денот се празнува. Источниот сосед не остана рамнодушен дека Македонија го слави Востанието на македонскиот народ против фашизмот. Провокација стигна од бугарската фондација наречена „Македонија“ која со денови сее провокации на социјалните мрежи, пренесува ТВ АЛФА.
На денешниот официјален „празник“ во … Македонија, посакуваме да им порачаме на Македонците: немало народно востание на 11 октомври 1941 година. Ве лажат. Станува збор за кривично дело на 20 герилци од Тито кои што се фатени од полицијата во Прилеп за неколку часови. Овој „празник“ раѓа омраза кон Бугарите во … Македонија и Скопје не може да стане членка на ЕУ додека го „слави“ денешниот датум! – пишуваат од фондацијата,
Фондација, директно финансирана од државниот буџет на Бугарија, уште пред празникот ни посочи дека ако не се укине прославата за „11-ти октомври“, кога во Прилеп и Куманово била нападната како што велат – бугарската полиција, Македонија нема да може да смета дека некогаш ќе биде дел од ЕУ.
-Комисијата за историја ќе стигне до овој период и ќе покаже дека 11 Октомври е криминално дело на 20 лица, чија жртва беше внукот на Дамјан Груев – Петар Дамев! Срамота и гнасотија е 80 години да се лаже цело општество, дека криминалното дејствие на 20 луѓе е „манифестација“ на „македонската волја за слобода“… Срам кој наскоро ќе биде ставен на крај!, велат од „Фондација Македонија“- Софија.