Меморандум за соработка во кој се воспоставуваат основите за транспарентен и доверлив модел на системот на државно финансирање на граѓанските организации, што воедно е и стратегиска цел на Владата утврдена, денеска потпиша Фондацијата Отворено општество – Македонија и Генералниот секретаријат на Владата .
Како што соопштија од Фондацијата, нивната стратешка определба е поддршката на државните реформи во повеќе клучни области кои се од стратешка важност за Фондацијата, вклучувајќи ја и поддршката за реформите кои ќе обезбедат унапредување на условите за развој на граѓанското општество.
-Во рамките на оваа соработка, Фондацијата Отворено Општество – Македонија ќе го поддржи, ќе учествува и ќе го координира процесот на подготовка на анализа за финансиската поддршка на здруженијата и фондациите од Буџетот на РСМ во 2017, 2018 и 2019 година со компаративна анализа на моделите за државно финансирање од другите земји од Западен Балкан и ЕУ, се наведува во соопштението.
Од Фондацијата појаснуваат дека во изработената анализа ќе биде даден предлог со опции на модели за воспоставување единствен фонд за институционален развој на граѓанските организации и за кофинансирање на ЕУ проекти во Македонија.