Новата генерација полициски службеници 2025–2026 беше промовирана денеска, со што Министерството за внатрешни работи доби 496 нови полициски службеници.

Во своето обраќање министерот за внатрешни работи Панче Тошковски истакна дека полициската професија не е само работно место, туку животен избор и повик кој бара храброст, чесност, професионалност и човечност.


-Со денешната свечена заклетва не добивате само работно место, туку прифаќате голема одговорност и ја преземате честа да ја носите униформата која граѓаните ја препознаваат како симбол на редот, законот и сигурноста, порача Тошковски.





