Уставниот суд на Република Македонија денеска практично го укина мораториумот за градба во скоспката општина Центар. Уставните судии одлучија дека допрва ќе одлучуваат дали одлуката на Центар за мораториум на градењето е уставна.
Иницијативата за уставноста и законитоста на актот беше поднесена од Градежната комора и Стопанската комора на севернозападна Македонија.
Па, до конечната одлука нема мораториум за градба во Центар, а дел од уставните судии сметаат дека Советот на општината ги пречекорил ингеренциите.
На 27 декември 2017 општина Центар донесе одлука за мораториум на градба, со кој беше стопирана реализацијата на 31 детален урбанистички план (ДУП).
– Можеби не е погрешно ако констатираме дека градежната мафија ги има во свои раце сите институции, гласи реакцијата граѓанското здружение „Во одбрана на Дебар маало“.
Уставниот суд не донесе времена мерка, иако беше побарана и од општина Гази Баба за да се спречи ДУП-от каде може да се гради Г1-тешка индустрија. Земјиштето е веќе доделено под наем на компанија на 99 години.
Уставниот суд го пролонгираше носењето на решенијата за ДУП во Карпош, иако ги имаше сите потребни документи и одговори од општината.
Ова е одлична прилика, по примерот на ГТЦ, за гушкање и на Уставниот суд. Како што тоа се правеше во сите годишни времиња пред неколку години. Подолу неколку фотографии за спомен и долго сеќавање на загрижените скопјани против „градбите и фасадите“.