На денешното чествување на светите браќа Кирил и Методиј во Рим, покрај другите во македонската делегација, предводена од собранискиот спикер Талат Џафери, беше и пратеникот Крсто Муковски.
Муковски седеше веднаш до поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан и пред една од вратите.
Тој е еден од пратениците кои, од притвор, стигнаа да одлучуваат за историски настани како што е смената на името на Република Македонија, а денеска и во Ватикан да ги чествува св. Кирил и Методиј заедно со папата.
Колку пресврти во Македонија, за толку кратко време, за нецела година.