Се изгасија свеќичките на тортата, со фен, без дување, согласно препораките за заштита од корона, објави министерката за правда Рената Десковска.
Таа во објавата на Фејбук за 48 роденден напиша:
– Посакувам што поскоро да живееме во безбеден корона-free амбиент. Воедно на сите новинари им го честитам денот на слободното новинарство. Баш ми е ќеиф што роденденот ми е на нивниот и наш ден – на денот на слободата на изразување. На сите Вас, моите пријатели кои одвоивте време за мене денес, Ви благодарам на честитките и Ви посакувам да Ви се враќа се најубаво. Бидете живи и здрави. Stay safe and corona-free!- објави министерката Десковска.