Хрватската европратеничка Маријана Петир за Велигден беше на македонска литургија во македонскиот православен храм во Загреб.
– Денеска учествував на Велигденската литургија со верниците од Македонската православна црква Света Злата Мегленска во Загреб, која ја предводеше отец Кирко Велински. На сите верници кои Велигден го слават според Јулијанскиот календар им пожелувам среќен и благословен Велигден, твитна Петир.
Петир, која е докажан пријател на Република Македонија, објави повеќе фотографии на својот профил на Твитер.