ФОТО ГАЛЕРИЈА: Денешни блокади на ВМРО од 15 до 17 часот

/ 08.06.2021

 ВМРО-ДПМНЕ И ГРАЃАНИТЕ ИЗЛЕГОА НА БЛОКАДА: Нема да го дозволиме националното предавство на Заев и Бучковски (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

ВМРО-ДПМНЕ денеска организираше протест кој започна на улиците во Скопје во 15 часот.

Истиот се одвиваше на три локации и траеше до 17 часот.

Како што велат од партијата поводот е новото предавство на Зоран Заев и Владо Бучковски кои во договорот со Бугарија прифатиле национално предавство на Македонија.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски вчера истакна дека од високи дипломатски извори, од Брисел, но и од официјална Софија дознале дека барањата коишто се составен дел од Декларацијата усвоена во бугарскиот парламент практично ќе бидат дел од преговарачката рамка на Македонија со Европската Унија и од тој момент билатералниот проблем којшто ние го имаме со официјална Софија, сите оние проблеми коишто се содржани во Декларацијата усвоена од бугарскиот парламент ќе бидат проблем којшто ќе го имаме ние со ЕУ, односно од билатерален проблем, тоа ќе прерасне во проблем помеѓу Македонија и ЕУ.

– Ова можеме да го спречиме само на еден начин, а тоа е јавноста со својата критика, а истовремено и народ на улиците, во рамките на тоа ВМРО-ДПМНЕ секој ден почнувајќи од утре ќе ги блокира на три места Скопје и десет градови во Македонија во периодот од 15 до 17 часот, се додека на јавноста не и биде покажан документот „Патоказ“ или како сакате наречете го, посочи вчера Мицковски.

Содржината продолжува после огласот

 


Од истата категорија