Добре дојдовте и оваа среда, овде пред платото на Владата на Република Македонија, да го изразиме нашиот револт и несогласување со сите овие корупциски скандали, со сите овие погрешни политики кои оваа ненародна и корумпирана влада предводена од аболиран политичар ги прави во нашата држава, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на протестниот марш.
-Долго размислував како да го почнам денешниот говор. Сакам да ви се заблагодарам на вас најхрабрите кои што се одваживте и оваа среда но и идната среда и секоја наредна среда, и четврток и петок, и понеделник и вторник да ни се придружите овде пред платото на Владата на Република Македонија. Низ улиците, низ булеварите и плоштадите, во штабовите на ВМРО-ДПМНЕ ширум Македонија да се мобилизираме и да им го нанесеме најголемиот пораз во историјата на следните претседателски избори. Но, да ги поздравам и оние кои што се дома денеска, кои што од оправдани причини не се денеска овде со нас. Но знам дека срцето нивно е овде со нас токму пред Владата на Република Македонија и ни даваат поддршка. Но затоа што се притиснати, прогонети од самонбедисаните функционери именувани од овие луѓе внатре и им се закануваат. И им се закануваат на нив, на нивните семејства да не бидат дел од овие протестни маршови. Зарем тие се тие европски вредности за кои се бориме? Зарем таа е таа европска придобивка која што Зоран Заев и луѓето околу него ни ја продаваат? Зарем тоа се сите оние протреси, претреси им правеа на нашите браќа. Претреси им правеа на нашите поддржувачи минатата недела. Во 5 наутро им упаѓаат во дома наоружани со заби по нарачка на Зоран Заев и Оливер Спасовски. За што? Да најдат петарда, и да ги малтретираат цел ден во полициски станици, рече Мицкоски и додаде:
„Доста е! Ќе ве победиме и ќе ве победиме жестоко! Да знаете! А, тоа ќе го видите на следните претседателски избори. Овде што сте со нас денеска, и знам дека ќе бидете и следните среди, и следните денови, овде со нас. Реков дека, размислував долго како да го почнам денешниот говор, ќе го почнам со она основното, со она што на секој човек му е неопходно, а тоа е почит, радост, и безбедност, и чест по нашите улици, по нашите маала. Да има благосостојба во градовите и селата. Бидејќи декември е месец на слави и ја користам оваа прилика на сите оние православни верници кои ги чествуваат декемвриските слави да им посакам многу здравје, среќа и благостојба во нивните домов, за нив и нивните семејства. Да посакам и да побарам, и да замолам од секој еден граѓанин на Република Македонија лојалност и доверба за државата, а од државата ќе побараме да обезбеди сигурност, економски развој, подобар стандард, вработување за секој млад човек, полни паркови, насмеани лица, во следната 2019 година. Ако тоа не ни го овозможи оваа влада, ќе ја смениме. Ќе дојде некоја друга влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“. И сето ова што пред вас јас денеска го зборувам ќе го исполниме ви ветувам!“.