Бугарскиот премиер во оставка, Бојко Борисов, пред неколку дена ја оперираше ногата во една од софиските болници. Утрово тој на својот профил објави фототографии од неговот заминување од болницата со зборовите: мојата социологија е подобра од вашата“, очигледно обраќајќи се до политичките непријатели.
Како што можете да видите, во болницата не се многу притресени околу носењето маски, а под неговите објави има различни коментари: од тоа дека е некултурен што ја држи рака в џеб при фотографирањето со една од медицинските лица, до тоа дека една лекарка порачува дека би ја одложила операцијата ако знаела дека Бојко заминува, за да дојде и да се фотографира со него.
Автограмите се посебна приказна. Можеме да замислиме само како би изгледало кога македонски премиер би се потпишувал на грбот на лекарите на некоја болница. Веројатно приватна, бидејќи нашиве не се лекуваат на државна сметка. За да не ја оштетат.