Пред Владата во овие моменти се одржува масовниот шртест на ВМРО-ДПМНЕ со една единствена порака: „ДОСТА Е“.
Снимките од дрон и од камерите пред Владата ги потврдуваат најавите на ВМРО-ДПМНЕ дека очекуваат огромна масовност на граѓаните од сите градови во бројка од околу 80-90 илјади лица да се сплотат против оваа „ненародна власт“ предводена од СДСМ.
Протестот започна со изведување на химната на РМ која пред насобраниот народ ја испеа Игор Дурловски.