Социјалдемократскиот сојуз вечерва во салата Борис Трајковски оддржа граѓански собир. Но, очигледно дури ни членовите на партијата не беа премногу ентузијасти за да ја наполнат салата, што лесно се воочува и покрај протоколите кои важат за ваков вид настани.

На собирот Заев порача дека секое време има свои предизвици:

„Ттешки се компромисите кои ги правиме на дипломатските маси за напредокот на државата не се лесни ни компромисите што секојдневно ги правиме со себе. Но, ова е време кое бара од нас одважност да се издигнеме над себе и личните очекувања – и кочниците коишто сите ќе не вратат назад, да ги претвориме во силата којашто ќе повлече напред. Така е единствено можно личното добро, низ заедничкото добро. На потешкиот начин извлековме повеќе поуки, дека, или ќе бидеме сите среќни, или нема среќа за никого.

Ајде да бидеме паметни и да не дозволиме самите да си ставиме кочница на патот. Кочниците кои ни ги поставуваат другите, дома или однадвор, се тешки, но знаеме дека не зависат само од нас и со нив се справуваме.

Не давајте му го Скопје на оние кои веќе го унакажаа, го нагрдија и му ја одзедоа душата. Скопје не заслужува ново понижување, нови забегани експерименти и нови изживувања врз неговата урбана физиономија. Тоа нема да се случи бидејќи Скопје го заслужува најдоброто! Слободоумните граѓани на Скопје знаат да одржат лекција, но знаат и кога им се потребни на својот град и на својата држава, ги знаат и своите одговорности. Прогресивното граѓанство на 31-ви октомври ќе гласа за Прогрес – бидејки тоа е неговата, тоа е нашата лична идеологија – најдоброто за сите! – порача Заев во своето обраќање пред скопјани.