-Спречена хаварија, безбедно отстранет 10 тони опасен хемиски отпад, чуван непрописно повеќе од 10 години и преставуваше сериозна закана за безбедноста и јавното здравје.
Државата се сака со работа и дела!
Благодарност до сите кои учествуваа во оваа активност, која не беше нималку лесна, објави вечерва на својот ФБ профил директорката на Институтот за јавно здравје, д-р Марија Андоновска, публикувајќи фотографии од отпадот што денеска бил отстранет, а во врска со што во текот на денот беше одржана и прес конференција за која известивме.





