Протестиот наречен „Семакедонски собир“ што беше закажан за 17 часот пред седиштето на ЕУ започна со присуство на околу 200-тини лица. Како минуваше времето, бројот на присутни се зголемуваше, па кога масата тргна кон Собранието на РМ бројката беше поголема, но значително помала од митинзи кои се одржувале на сличен начин.