Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ денес во македонското Собрание на, како што велат, инвентивен начин сакаа да го изразат своето незадоволство кон како што го нарекуваат „Кацарска судството“.
Имено тие на денешната 20. седница на собранието, а по повод 13 дочка од дневниот ред: Предлог за избор на судија на Уставниот суд“, каде номинирана е Добрила Кацарска, со пораки испишани на картон го искажаа своето незадоволство од ваквиот предлог за уставен судија.
Незадоволството кај опозициската партија доаѓа од серијата пресуди на Кацарска кои за ВМРО-ДПМНЕ се партиски нарачки и реваншизам на владејачката СДСМ кон нив.
Од опозицијата порачаа дека времето на „штитењето на мафијата на власт“… треба веднаш да престане.
Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека Кацарска и Рускоска само ја заштитуваат мафијата на Заев и дека тие се директни учесници во криминалот.