Кантавторот Ѓорѓе Балашевиќ почина на 19-ти февруари годинава во својата 68-ма година од животот.
Неговата смрт ги шокираше сите, а трагичниот случај секако најтешко му падна на неговото семејство.
Сопругата на Ѓорѓе, Оливера од тогаш многу слабо се огласуваше во јавноста, а сега нивната ќерка Јована сподели фотографија од мајка и на својот профил на Инстаграм.
Оливера се шеташе низ градот облечена во фармерки, розева блуза и сако, а на главата имаше шарена марама.
-Не тагува Таа, ветерот само свири пролетна соната- кога не и е време, напиша Јована во описот на фотографијата.
Потсетуваме, Ѓорѓе и Оливера Балашевиќ заедно поминаа цели 41 година, а нивната љубов на многуммина им служеше како пример.
Во бракот добија три деца, синот Алекса и ќерките Јована и Јелена.