Попладнево на улица Емин Дураки во скопската населба Чаир се случи сообраќајна несреќа во која како што јавува репортерот на ТВ21 повредени се три жени и едно дете.
Според очевидцните на терен, до несреќата дошло кога автомобил марка „Југо“ со голема брзина удрило во возило марка „Пежо 307“.
Подетални информации засега не се познати. По сообраќајката, како што може да се види на фотографиите, собрана е поголема група на луѓе.
Повеќе фотографии погледнете на сајтот на Телевизија 21.