Денеска Зоран Заев има митинг во Охрид, а пред митингот според сведоштва на граѓани т.н. активисти на СДСМ делат дрва за огрев низ Охрид, иако грејната сезона заврши, објави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на Фејсбук.

– Прашувам кој ги плати овие дрва за огрев во Македонски шуми и дали СДСМ го пријави тоа? Дали се свесни дека со ова грубо го кршат изборниот законик? И да им порачам дрва може да купите, но луѓе не можете. И тие на кои им ги носите овие дрва ќе ви се насмевнат, но ќе гласаат против вас. Ќе гласаат против вас затоа што сте ги довеле во мизерна економска ситуација да неможат самите да си купат дрва за огрев, па мора да чекаат на вас да дојдат избори и да ја покажете вашата ,,милост”. Ќе гласаат против вас зашто сте корумпирани! Во недела на 21 април Македонија и Охрид го возвраќаат ударот! Гневните, заборавените и разочараните ќе го победат Заев, напиша Николоски.