Кичевското село Белица е убав пример како напуштеното македонско село може да се обнови и да се поврати животот во него.
Последниве години во селото се изградени или обновени многу куќи, но и заеднички згради, како што е Беличката палата, спортски терени и друга инфраструктура во селото кое ја чува македонската традиција.
Често, посебно за празници, беличани се враќаат во селото, се собираат и продолжуваат со неговата обнова, а еднаш годишно ги одржуваат Беличките средби кога се враќаат беличани раселени низ Македонија, Европа и низ светот.
– Со приближувањето на Беличките средби на 23 и24 јули 2022 година активно учество, како и секоја година зедоа, нашите иселеници од иселеништвото кои помагаат на разни начини да се спонзорира тој голем настан, како што е и китење на селото со семакедонските симболи кои овојпат го организира Злате Кршоски, кој живее и работи во Шведска, објавија беличани на Фејсбук.
Само за арно, за убаво, беличани и за обнова на уште многу други македонски села, по примерот на Белица.
(Д.Г.)