Идеите се секогаш пред системот и го водат напред, објави денеска пратеникот и доскорешен генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски.
– Го поздравувам гестот на поставувањето на држачите за кеси за отпад кои пред се ја подигнуваат културата и навиките на сите нас. Другари, добар гест направивте, да го задржиме тој впечаток. Овој потег од секого треба да се сфати афирмативно, а креативците (кои лично ги почитувам) не смеат истиот да го (зло)употребат во „кудачка“ конотација. Воедно, како пратеник, ги охрабрувам сите граѓани, бизнисмени, општествено истакнати личности да ја прифатат улогата на општествено одговорни поединци со кои ќе ја подобриме нашата Битола. Редно е и време е! Битола на битолчани, порача Кирацовски на својот Фејсбук профил.