Македонската заедница во Малта објави фотографија на Фејсбук од лицето М.В. државјанин на Србија, кој застрелал Македонец во Малта, кој се бори за живот во болница.

Целта е, како што соопштија, да и се помогне на малтешката полиција во откривањето на лицето кое е во бегство.

– Почитувани Македонци кои работите и живеете на Малта ве замолуваме да споделите фотографија од Милош Видаковиќ кој пукаше на нашиот сограѓанин, со што полицијата на Малта ќе може побрзо да го лоцира и спроведе. Доколку имате било какви информации за лицето ве молиме да пријавите во најблиската полициска станица. Полицијата е во постојана комуникација со семејството и прават се што е во нивна моќ да го фатат сторителот. За вакви луѓе нема место на Малта. Се надеваме на брза разрешница на случајот. Воедно очекуваме и реакција и од МНР (Ministry of Foreign Affairs of the Republic of North Macedonia) како и Aмбасадата на РМ во Рим, се вели во објавата од Македонската заедница во Малта.