Српскиот претседател Александар Вучиќ по пристигнувањето на третиот Самит на Европската политичка заедница објави заедничка фотографија од, како што вели во постот на Инстаграм, кратката средба со пријателите Виктор Орбан и Димитар Ковачевски.

Кратка средба со пријателите Орбан и Ковачевски пред почетокот на Самитот на Европската политичка заедница, на која ќе се разговара за голем број важни теми за денешна Европа и, се надеваме, за Западен Балкан“, напиша српскиот претседател, Александар Вучиќ покрај објавената фотографија на инстаграм-профилот „будуќностсрбијеав“.