Глумицата и експратеничка на СДСМ, Софија Куновска на својот Фејсбук профил ги коментира настапите на нејзината сопартијка, вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и полската болница монтирана во Скопје.
– При времено затворена и празна зграда на стоматологија веднаш до инфективна, веројатно единствено за да се слика Шекеринска два-три дена, беше неопходна монтажна болница во болница, објави Куновска на Фејсбук.
Вчера Шекеринска заедно со градоначалникот Петре Шилегов и министерот Венко Филипче ја посетија мобилната Roll 2 болница монтирана во Скопје и објавија серија фотографии од посетата.