СДСМ пред избори во Куманово го отвори Месниот штаб Никола Тесла, за што беше објавена фотографија и текст од атмосферата кои предизвикаа мајтап на социјалните мрежи.

– Победничка атмосфера на отворањето на Месниот штаб Никола Тесла. СДСМ на прав пат!- објавија на Фејсбук од партијата.

„Победничката атмосфера“ и името на штабот ги инспирира мајтапчиите на социјалните мрежи, па им одговорија:

– Месен штаб на СДСМ Никола Тесла. Ај, па и за Елон Маск да исчекаме…- коментира корисник на Фејсбук.

Погледнете ја фотографијата и победничката атмосфера.