Македонија ја доживува најтешката здравствена и економска криза, најдолгиот полициски час, граѓаните затворени во своите домови стравуваат од коронавирусот, а екс-премиерот и лидер на владејачката СДСМ, Зоран Заев, кој беше и во самоизолација, денеска се вози на мотори со придружба.
Заев, како што објавија повеќе медиуми, денеска во Берово го возеше својот скап мотор, а имаше и придружба.
Како што објави порталот Курир Заев бил придружуван и заштитуван од државно обезбедување. Ваквата постапка не дава добар пример за граѓаните на кои секојдневно им се труби да не се собираат во групи, да седат во своите домови и да ги почитуваат мерките на Владата за епидемијата со коронавирусот.