Државното знаме на Република Македонија е симнато од јарболот во Охрид, како што тоа претходно се случи и во неколку други општини.
Охриѓани на мајтап велат „ако можеа скопјанишчана без македонската химна да го пречекаат грчкиот премиер Алексис Ципрас, ние мојме без знаме“.
Но, шегата настрана, чинот на симнувањето на Македонското знаме во Охрид, по настанот со државната химна во Скопје, зборува за сериозна негрзижа на власта за државните симболи. На истата власт која со полна уста говори дека го „бетонира идентитетот“ на Македонците.
Наспроти оваа глетка со празни јарболи во Охрид, во Неготино и во повеќе други општини, албански знамиња на патот кон Охрид се веат низ сите општини каде што живеат Албанци.