Кандидатката за градоначалник на Аеродром од Левица, Весна Кираџиева на фејсбук сподели фотографии од браната Матка на кои се гледа загрижувачката состојба на езерото.

Таа вели дека фотографиите се направени утринава.

– Само да истакнам дека нивната неспособност која нè доведе до енергетска криза го загрозува и екосистемот и мирот на бројни невини ендемски видови, не само сметките, буџетот на државата и долговите до гуша. Ако има пекол, за ова сите ќе одиме во пеколот. Ние го толерираме криминалното, неспособно злото кое нè доведе до тука, ние не преземаме ништо, сите ние вртиме поглед на другата страна кога глетката не е убава, за да не се замериме со некој, зашто некој може да ни се налути ако укориме, покажеме со прст или побараме одговорност, напиша на фејсбук Кираџиева.

Во прилог се фотографиите од езерото.

М.П.