Министерот за земјоделство Љупчо Николовски соопшти дека денеска имал плодна дискусија со земјоделците во струмичките села Пиперево и Василево.

– Работно со земјоделците во струмичко. Се воведува зелената нафта за 55.000 земјоделци, голем интерес за тековниот повик за набавка на трактори, како и за Ипард повиците, а постигнати и високи откупни цени годинава. Дел од денешната плодна дискусија и увид во тековните прашања на терен. Продолжуваме, соопшти министерот за земјоделство.

Според тоа, плодните дискусии во земјоделството, се очекува да дадат и голем род. Само да не биде како со јаболката во Преспа, па да скапат и да се фрлат на буниште и плодните дискусии, за „постигнати високи откупни цени годинава“.

Земјоделците знаат добро што е плодно и што се високи откупни цени, памтат фрлање на бостан, фрлање на јаболка, фрлање на сливи итн. Па, министерот ќе има уште поплодни дискусии со земјоделците ако дојде кога се врши откупот на родот, на јагниња, на градинарски производи, бостан, овошје…