Мој ДДВ и на телефонот на заменик министерот за екологија и просторно планирање, Јани Макрадули, објави Макрадули на Фејсбук и чека пари од поврат на ДДВ.
– Заменик министерот ја поздравува мерката со која на граѓаните за прв државата им враќа пари назад. Скенирајте ги и вие вашите фискални сметки и вратете 15 отсто од платениот ДДВ на вашите трансакциски сметки, советува заменик министерот за „чист воздух и здрава животна средина“.
На крајот од статусот Макрадули објавува дека „само за првите три месеци кај граѓаните ќе се вратат 3 милиони и 28 илјади евра“.
Со здравје и во чисто ајро да се трошат парите од поврат на ДДВ.