Денеска кога и Македонија е во светска војна против пандемијата против коронавирусот, најважната вест за тие што влегуваат во главниот град на земјата што си го смени името е: Скопје е главен град на членка на НАТО!
Такво добредојде стои на информативните табли на влезовите во Скопје по автопат.
И тоа би било најнормално во нормални времиња, кога нема поважни информации преку тие табли да се поделат на граѓаните, освен веста што сите ја знаеме дека сме членка на НАТО. И дека секој момент очекуваме датум од ЕУ.
Но, освен терањето пропаганда, зарем власта нема поважни информации за граѓаните во денови кога експлодира коронавирусот и според бројот на жители и заболени сме рекордери во регионот?
Има многу. На пример, на информативните табли е многу поактуелна информацијата: Денес Скопје е главен град на земја која си го смени името со лаги. Нема ништо од бесплатното здравство во ЕУ. Дури е забранет и извоз на медицинска опрема за Македонија во деновите кога таа се бори со коронавирусот!
(Д.Г.)