Целосно фијаско доживеа Владината прослава на Денот на независноста во Градскиот пар во Скопје, каде што говореше премиерот Зоран Заев.
Граѓаните на социјалните мрежи се потсмеваат и се шегуваат дека на прославата на Заевата независност на Македонија имаше повеќе министри, владини функционери и нивно обезбедување отколку граѓани.
– Вака се слави Денот на независноста на Македонија, гласи коментар објавен на Твитер и фотографија од масовна прослава на овој празник на плоштадот во Скопје.
Фотографиите подолу, од денешната прсолава пред Школка и поранешна прослава на плоштадот Македонија во Скопје, доволно говорат за разликите.